
Македонската репрезентација денеска преку собирот во хотелот "Стоун Бриџ" во Скопје ги стартува мини-подготовките за пријателскиот натпревар со Албанија кој во среда (17. ноември) со почеток од 18 часот го играме во Корча.
Собирот на националите е предвиден до 12 часот, по што по заедничкиот ручек веднаш се патува за албанскиот пограничен град Поградец каде ќе бидат реализирани подготовките до дуелот со Албанците.
Селекторот Мирсад Јонуз, кој за овој дуел нема да смета на поголем дел стандардни репрезентативци (Пандев, Попов, Деспотовски, Георгиевски, Новески, Алими, Ибраими...), претходно денеска од 12:30 часот ќе одржи и прес-конференција во хотелот "Стоун Бриџ".