Албанија е тест на нашата офанзива

Неколкумесечната пауза од натпреварите во квалификациите за ЕП 2012, македонската репрезентација вечерва во Корча од 18 часот ја пополнува и преку пријателскиот дуел со селекцијата на Албанија кој, во отсуство на девет стандардни репрезентативци, треба да претставува сериозна проверка пред се на фудбалерите кои ја очекуваат постојано својата репрезентативна шанса.

Според најавите и на македонскиот селектор Мирсад Јонуз, на дуелот со Албанците, без разлика што ќе се игра со некои нови фудбалери, главно ќе биде посветено внимание на нашата игра во средниот ред и офанзивата со обид играчите од напаѓачките редови повеќе да одговорат и на дефанзивните задачи. Во отсуство на Горан Пандев, Илчо Наумоски и Стевица Ристиќ, Иван Тричковски е единствениот наш офанзивец кој е стандарден дел од селекцијата на стартот од евро-квалификациите, а од кого неизбежно се очекуваат погодоци и на денешниот наш репрезентативен дуел.

"Се надевам дека ќе постигнам гол пренесувајќи ја и гол-формата од АПОЕЛ, меѓутоа и доколку јас не бидам стрелец искрено се надевам дека некој од соиграчите ќе поентира за наш позитивен резултат", вели Тричковски во очекување на средбата, притоа нагласувајќи дека мотив за него и соиграчите во секој случај ќе биде и убавата атмосфера која се најавува за вечерва на стадионот "Скендербег" во Корча.

"Тоа што, според информациите кои ги имаме, вечерва не очекува натпревар пред полни трибини е дополнителен мотив за сите нас во селекцијата. Првпат играм против најдобриот тим на Албанија, иако претходно имам дуел против нивниот младински состав. Лично сметам дека Албанија има исклучително квалитетен состав кој е составен од многу искусни интернационалци. И последните нивни успешни резултати во рамките од квалификациите за ЕП 2012 доволно зборуваат дека не очекува вистински тест. Но, тоа е доволно голем предизвик за нас да прикажеме квалитетна и ефикасна игра", вели Иван Тричковски.

И по вчерашните тренинзи во Албанија, селекторот Мирсад Јонуз повтори дека без разлика што дуелот нема резултатска важност за нас, сепак во националниот тим посакуваат триумф, без калкулации и со офанзивни размисли...

"И на тренинзите за време на овој собир посебно внимание посветивме на фазата во напад и враќањето во дефанзива на најистурените фудбалери. Имаме неколку нови играчи и ова беше можност да се запознаеме подобро и со нив и да ги видиме квалитетите на новоповиканите. Посебно внимание на денешниот натпревар секако ќе посветивме и на тактичката поставеност. Она што е важно е што и овие фудбалери покажуваат сериозна натпреварувачка форма, па верувам дека ќе умееме да ја поставиме посакуваната игра со која ќе му се спротивставиме на мотивираниот противник", вели Јонуз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога и ја отварате вратата од автомобилот на жената.
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1558.- Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде...
1804.- Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот,...
1820.- Роден е италијанскиот крал Виторио...
1844.- Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв...