
Во пријателски фудбалски натпревар во Корча, репрезентациите на Албанија и Македонија одиграа без голови 0:0.
Подобрата игра во првиот дел Македонија, не успеа да ја претвори во водство, а во второто полувреме противникот, кој беше подобар ривал, не ги искористи своите шанси.
Оваа беше седми пријателски дуел против Албанија, а вторпат натпреварот завршува без победник 0:0. Македонија досега има четири победи и еден пораз против Албанија.
Натпреварот беше можност селекторот на репрезентацијата Мирсад Јонуз да ги провери и другите играчи на кои ќе сметат во продолжението во квалификациите.
Од нашата квалификациска група за Европското првенство во 2012 година ривалите забележаа порази. Русија загуби дома од Белгија со 2:0, додека Словачка е поразена, исто така, дома од Босна и Херцеговина со 3:2. Вечерва Република Ирска во Даблин игра со Норвешка.