Вкупно шест земји од Европа со четири кандитатури влегуваат во завршната битка за Мундијалот кој ќе се одржи во 2018 година. После многу скандали околу купување на гласовите и примање мито на одредени претставници кои треба денеска да го дадат својот глас, денеска, сепак, ќе се добијат организаторите.
Иако никој не зборува ништо пред денешното гласање, сепак, јасно е дека Англија влегува како најсериозен кандидат за да го добие Мундијалот на свое тло. После ЛОИ во 2012 година ова би бил само уште еден голем настан во оваа земја.
Сепак, нема да биде лесно бидејќи и Шпанија и Португалија влегуваат со сериозна кандидатура и тука веројатно ќе се бара противкандидатот.
Што се однесува до Мундијалот во 2022 година таму кандидати се земји од другите континенти.
Азија доминира бидејќи има дури три кандидати. Океанија е претставувана од Австралија, додека САД ќе се обиде уште еднаш да ги добие гласовите и после 1994 година одново да го има најголемиот фудбалски настан на стадионите низ земјата.
Кои две кандидатури ќе бидат оценети како најдобри при утрешното гласање би требало да се знае некаде околу 16 часот кога Сеп Блатер би требало да ги отвори ковертите и да го соопшти името на земјите домаќини за 2018 и 2022 година.
КАНДИДАТИ ЗА СП 2018
-Белгија/Холандија
-Шпанија/Португалија
-Англија
-Русија
КАНДИДАТИ ЗА СП 2022
-Јапонија
-САД
-Катар
-Кореја
-Австралија