ТРИЧКО И КОЛЕГИТЕ ГО НАДИГРАА ПОРТО И ОСВОИЈА ТРИ МНОГУ ЗНАЧАЈНИ БОДОВИ

Голема победа за Апоел

Иван Тричковски и Апоел приредија уште едно изненадување во Лигата на шампионите откако синоќа на свој терен го надиграа тимот на Порто и го совладаа со 2:1. Во интересен меч со неверојатен финиш тимот на Тричко двапати беше во водство против Порто, а во последните мигови успеа да се врати после израмнувањето на Порто.

Тимот од Кипар поведе во финишот од првото полувреме со гол од пенал. Сепак, во вториот дел долго се играше без погодок. Порто доби можност од пенал да израмни, а тоа одлично го направи Хулк. Само една минута подоцна Апоел тргна силно и успеа да постигне уште еден гол преку Мандука за да дојде до три бода и да се најде на чекор до елиминациите.

БЕЗ ГОЛОВИ ВО ЛОНДОН

Екипите на Арсенал и Марсеј одиграа лош натпревар во кој немаше погодоци. За разлика од претходниот меч кога победникот беше решен пред последниот свиреж на судијата овој пат немаше голови, па неизвесноста во групата продолжува.

И двете екипи имаа свои шанси и се очекуваше да успеат да постигнат барем еден гол, но беа далеку од формата со која одиграа во домашните првенства минатиот викенд. Головите на Шчесни и Манданда мируваа, па тоа го остави почетниот резултат и после првото полувреме.

Во продолжението немаше ништо ново и остана резултатот од почетокот.

ВАЛЕНСИЈА СЕ РЕВАНШИРАШЕ НА БАЕР

Средбата во Шпанија го донесе првиот погодок синоќа. Фудбалерите уште се загреваа, кога голманот на гостите Лено направи грешка. Место да упати топка на половината на противникот, тој одлучи да ја додаде до најблиските соиграчи. Тоа го направи неверојатно лошо, па на тој начин му овозможи на противникот да дојде до шанса за гол. Жонас знаеше како да го казни киксот и по неполна минута да ја донесе Валенсија во водство постигнувајќи го вториот најбрз гол сезонава после оној на Пато уште во првото коло.

Сепак, предноста на Валенсија ја снема до крајот на полувремето. Гостите почнаа да ги зачестуваат нападите и да го загрозуваат голот на Валенсија. Од тие напади најсериозниот заврши со погодок.

Балак успешно проби по левата страна. Ја уфрли топката на само неколку метри од голот, а Кислинг успеа да најде простор и да им избега на своите чувари. Се избори за место да упати удар со глава, а топката ја смести во небранетиот дел од голот што беше доволно за нерешени 1:1 кои останаа до одморот.

Во вториот дел домашните ги донесоа работите на свое место откако после 20 минути игра Солдадо го донесе тимот на Валенсија во водство од 2:1, а потоа Рами ја завери победата со третиот гол за домашните.

БАРСЕЛОНА ВО ЕЛИМИНАЦИИТЕ

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Барселона е првиот патник во следната рунда од купот. Со победата од 4:0 над Плзен синоќа Каталонците дојдоа до нови три бода и се зацврстија на првото место. Воедно се најдоа и во осминафиналето, каде што ќе биде и Милан кој во моментов има шест бода повеќе од Бате Борисов и подобар меѓусебен дуел. Во другите три групи неизвесноста продолжува.

200. меч за Гвардиола

Тренерот на Барселона синоќа во Прага го прослави јубилејниот меч на клупата на Барселона. Тој ги водеше Каталонците по 200-ти пат, а досега има одлични бројки зад себе.

"Никогаш не сум замислувал дека ќе бидам на клупата на Барселона во период од цели четири години. За мене е огромна чест да имам можност да работам во овој клуб и да раководам со овие неверојатни играчи. Благодарен сум им за сите успеси кои ги доживеав бидејќи нив ги постигнавме заедно. Без нив ништо од ова немаше да биде можно", вели Гвардиола.

На овие 200 средби Пеп забележа 144 победи, 39 нерешени резултати и 17 порази.

Јубилеј за Меси, нов рекорд за Валдес

Покрај тренерот Гвардиола синоќа јубилеен погодок прослави и Лионел Меси. Со голот во 24 минута од пенал, Лионел Меси успеа да стигне до својот 200. погодок во дресот на Барселона. Овој пат Меси ја смени страната на која вообичаено бие и без проблеми го совлада голманот на Плзен, Павлик. Во тие моменти тоа беше водство од 1:0. До крајот Меси дојде до уште два гола и средбата ја заврши со хет-трик.

Инаку, на овој меч Валдес стана рекордер на Барселона и го надмина Рејна. Тој сега има 877 минути без примен гол во серија и продолжува одлично да ја чува мрежата на Барса во сите натпреварувања.

Дрогба не играше поради повреда

Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба не беше дел од составот за дуелот против Генк. Дрогба се повреди во последен момент, а најавено е дека ќе биде подложен на оперативен зафат за отстранување на металните плочки од неговата рака кои му биле поставени после Светското првенство во ЈАР кога имаше скршеница.

Дрогба воедно е суспендиран во Премиер лигата на уште две средби, па ќе има доволно време да заздрави после операцијата и да може да игра без проблеми. Без него неговите колеги одиграа лош меч, а не реализираа и пенал. На крајот останаа само со бод и се уште не се сигурни во осминафиналето.

Балак играше со маска

Капитенот на Баер Леверкузен, искусниот Михаел Балак настапи за својот тим на гостувањето во Шпанија и покрај проблемите со носот. Тој има скршеница, но тоа не му попречи да игра. Балак излезе на терен со маска на лицето така што беше заштитен за време на средбата и можеше без поголеми проблеми да ја одигра средбата и да им помогне на своите колеги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...