Од таборот на Милан потврдија дека Антонио Касано ќе мора на операција на срцето. Тој има мали проблеми кои довеле до недостаток на крв во мозокот, а не се работи за мозочен удар како што се велеше во медиумите.
"Касано имаше мали срцеви проблеми кои предизвикаа нестабилност на мозокот и во следните неколку денови ќе биде подложен на кардиолошка операција за да се среди проблемот. Времето за заздравување после операцијата не е познато, но веројатно ќе трае неколку месеци", се вели во соопштението од Милан.
Сепак, сосема е јасно дека најмалку четири месеци тој ќе биде надвор од терените. Има и такви најави дека ќе бидат потребни дури шест месеци за да може да се врати на терените. Засега се е неизвесно и допрва ќе биде познато кога Касано ќе може да смета на ново враќање на терените, но и дали воопшто ќе добие дозвола за одново да игра.
"Познати ми се мислите за грижа и патење кои ти поминуваат низ главата. Познато ми е и чувството на збунетост и самотија кога се одеднаш изгледа црно. Го познавам тоа добро и затоа се чувствувам близок до тебе", стоело во писмото кое во знак на поддршка го испратил Диего Марадона до Касано.