Интервенцијата на срцето на играчот беше направена рано утрово, траела половина час и минала во најдобар ред.
Операцијата ја изврши еден од најдобрите кардиолози во Европа, професор Марио Карминати, а присутен бил и лекарот на Милан, Родолфо Тавана. Стандардна процедура по ваква интервенција е пациентот да ја напушти болницата за неколку дена, па најверојатно популарниот Фантантонио во понеделни ќе си замине дома.
Неговото враќање на теренот се очекува за четири до шест месеци. Италијанците се надеваат дека голгетерот ќе се опорави за да им помогне на "азурите" за ЕУРО 2012 во Полска и Украина.