Барса даде капар за Нејмар

Шпанските медиуми на големо пишуваат за доаѓањето на Нејмар во Барселона, но засега без прецизен датум. Раководството на Каталонците веќе дало капар за да го добие младиот играч и на тимот на Сантос му има исплатено десет милиони евра со што практично ја добива стартната позиција.

Според изворите нa медиумите од Барселона, Нејмар би можел веќе следното лето да се пресели на Ноу Камп. Се случи ли некој друг тим да сака да го добие во своите редови, најверојатно, ќе треба да плати цело богатство бидејќи Каталонците имаат договор со кој десетте милиони би можеле да се удвојат. Станува збор за дел од договорот кој го регулира токму ова. Во случај друг тим да го земе Нејмар тогаш Сантос мора да и плати на Барса 20 милиони евра, што сигурно ќе биде и дополнително зголемување на големата сума која е потребна за да биде ангажиран играчот.

Затоа сите работи во моментов водат кон ангажирање на Нејмар во Барселона и веројатно е само прашање на време кога ќе се случи трансферот. И покрај тоа што Реал Мадрид до пред неколку месеци важеше како главен фаворит, изјавите на играчот говорат дека тој би можел да се пресели само во Барселона доколку дојде во Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шанкер ја прашува келнерката:
- Зошто касниш?
- Ужасно беше. Си доаѓам јас на работа кога на сред улица гледам ужасна сообраќајна несреќа. Човек лежи на тротоарот исфрлен од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...