
Медиумите од Барселона ги потврдуваат вестите од пред нешто повеќе од еден месец дека Жорди Алба ќе ја продолжи кариерата во тимот каде што почна да игра. Тој како кадет ги бранеше боите на Барселона каде што беше дел од младинските тимови до 2005 година. Сега постои опција да се врати во Барселона бидејќи е посакуван од стручниот штаб на Каталонците така што во следните неколку денови би требало да има нешто конкретно по ова прашање.
Со заминувањето на Максвел местото на позицијата лев бек е испразнето, а воедно неизвесно е дали и Абидал ќе остане, па Алба би можел да биде прв избор во составот на Барса во текот на следната сезона.
Според тоа како се движат работите Алба би можел да пристигне на Ноу Камп до крајот на јануарскиот преоден рок. Доколку Барса притисне во следните неколку денови би можело во многу брзо време да дојде до позитивен епилог и Алба да дојде во Барселона како засилување во јануарскиот преоден рок.