Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека клубот нема да се обиде да го донесе Кристијано Роналдо на „Паркот на принцовите“.
Роналдо викендов изјави дека не е среќен во Реал Мадрид, што предизвика шпекулации за можно заминување од клубот. Францускиот маркет за трансфери е отворен до вечерва на полноќ, па со тоа би можело да се пресели во Париз, но Леонардо тврди дека тоа нема да се случи.
-Никогаш не ни размислувавме да го доведеме Роналдо. Кога сакаме одреден играч, разговараме со неговиот клуб, а сега тоа не беше случајот, соопшти Леонардо за RAC 1.
Кристијано Роналдо е дел од Реал Мадрид од 2009-та година.