Јаневски: Ако земев пушка ќе требаше во сите да пукам

Колку бил изнервиран од играта на нашите репрезентативци на последниот квалификациски натпревар, против репрезентацијата на Хрватска, покажува изјавата на нашиот селектор Чедомир Јаневски дека ако имал пушка морал во сите да пука.

Предводникот на нашиот национален тим додаде дека и утрешниот натпревар против Србија на "Националната Арена Филип Втори'' е од големо значење, а истиот може да има среќен крај само ако неговите избраници не ги повторат грешките кои ги направија на претходниот натпревар против Хрватска.

- Очекувам подобри додавања, побрзо да ја напуштиме нашата половина, да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута. Не смееме да ги повториме грешките кои ги направивме против Хрватска. Разговарав со фудбалерите, знаат каде згрешија. Ако земев пушка после натпреварот, ќе требаше во сите да пукам, изјави Јаневски.

Предводникот на "црвено-жолтите'' додаде дека ќе има неколку измени кога е во прашање почетниот состав и дека е посветено екстра внимание на прекините.

- Работевме на прекините. Сепак во тие моменти пресудна е концентрацијата, одлучноста, реакцијата на фудбалерот. Ќе има неколку измени во почетниот состав. Освен Пандев, нема да игра и Шиков. Ќе одморам неколку фудбалери, а некои ќе добијат поголема минутажа. Да покажеме дека имавме само еден лош ден, дека сме квалитетни, дека можеме да освоиме три бода, изјави Јаневски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тибериј, посинок...
1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција,...
1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи...
1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој...