Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска се засили со Горан Попов кој потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“.
Попов предвреме го раскина договорот со Динамо Киев кој имаше важност до 2016 година, а право на настап за екипата на Вардар ќе има од 1 јануари 2015 година, а дотогаш Попов ќе настапува во лигата за „Б“ екипи, и преку тоа натпреварување ќе има можност да влезе во натпреварувачки ритам.
Најновиот играч на Вардар потекнува од фудбалската школа на Беласица од Струмица. Има забележано 46 репрезентативни настапи и има постигнато два гола за репрезентацијата. Во 2008-та година Попов настапуваше за Херенвен од Холандија каде помина две години и го освои холандскиот куп за потоа да направи трансфер во Динамо Киев каде настапуваше од 2010 до 2012 година. Со украинскиот тим играше во Лигата на шампионите, победи во украинскиот Супер-Куп, за потоа една година да биде позајмен во екипата на Вест Бромвич Албион во Премиер лигата во Англија.