Израмнувачкиот погодок на Пол Погба за Јувентус против Сауоло од 7-то коло во Серија А, веќе италијанските медиуми го прогласија за „ремек дело“ на фудбалскиот викенд.

Французинот во дресот на „Старата дама“ успеа да погоди во 19-та минута од натпреварот а со тоа да му донесе бод на лидерот Јувентус, откако само 6 минути претходно Симоне Заза ги донесе домаќините во водство.
По завршувањето на 7-то коло, Јувентус остана лидер на табелата во Серија А, но на само 1 бод пред Рома која со 3-0 беше поуспешна од Киево.
Конечниот резултат помеѓу Сасуоло и Јувентус остана 1-1.
Ова е голот на Погба
А и голот на Заза не беше воопшто лош мора да се признае