Шампионот на Шпанија Атлетико Мадрид синоќа оствари победа од 1:0 на последниот натпревар од 9.коло, а стрелец на единствениот гол беше хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ. Победата беше обезбедена во 40.минута кога беше затресена мрежата на Хетафе.
Со трите бодови првакот се доближи до водечките на табелата.
Во ова коло на „Ел Класико“ Реал Мадрид ја совлада Барселона со 3:1 и тоа беше прв пораз за Каталонците.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Малага - Рајо Ваљекано 4:0, Еспањол - Депортиво 0:0, Севиља - Виљареал 2:1, Алмерија - Атлетик Билбао 0:1, Валенсија - Елче 3:1, Кордоба - Реал Сосиедад 1:1, Еибар - Гранада 1:1 и Селта - Леванте 3:0.
Табела: Барселона 22 бода, Севиља 22, Реал Мадрид 21, Валенсија 20, Атлетико Мадрид 20, Селта 16, Малага 15,..