Барселона на „Камп Ноу“ скоро и никогаш да не губи особено во шпанската Премиера, а не помниме кога шпанскиот гигант не постигнал ниту еден погодок во натпревар во престолнината на Католонија. Тоа се случи вечерва при поразот од Селта (0-1), а шпанските медиуми веднаш го пронајдоа и податокот дека тоа последен пат се случило пред повеќе од три години. Или прецизно, на Барселона последен пат и се случи да не постигне гол пред домашните гледачи на 22 октомври 2011 година, кога на мечот со Севилја ремизираше без голови.
- Почетокот не навестуваше ваков епилог. Тргнавме самоуверено, имавме неколку шанси. Но, едноставно како топката да не сакаше во мрежата, а и голманот на Селта бранеше навистина одлично. Жалам што ги разочаравме навивачите“, изјави Нејмар по поразот.
Интересно да напоменеме е дека последниот пораз што Барселона го забележала дома од Селта е во далечната 1942 година.
Инаку, вчера дебито на Луис Суарез на „Ноу Камп“ го засени Алварез, кој ги одбрани сите удари кон неговиот гол, иако Барселона имаше далеку поголем дел од поседот на топката.
Мадридските екипи Реал и Атлетико го искористија киксот на Барса и се најдоа на првите две места на табелата во Премиера. Реал и Атлетико славеа победи на средбите од 10.коло. Прво Реал Мадрид убедливо со 4:0 ја победи Гранада на гостински терен. Два гола за „Кралевите“ постигна Хамес Родригез, а по еден Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
На втората средба одиграна во Мадрид, шампионот Атлетико ја победи Кордоба со 4:2. Греизман постигна два гола, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Манџукиќ и Гарсија. Головите за Кордоба ги постигна Ѓилас.