Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, прослави 70 години постоење. Тимот од „Градски парк“ роденденот за седумдецениското постоење го зачини со еден спектакл. Одигра пријателски натпревар со европскиот гигант Фенербахче.
Турскиот тим предводен од Жељко Обрадовиќ на клупата, а со нашиот Перо Антиќ, Богдан Богдановиќ, Јан Весели и уште многу други ѕвезди на теренот донесоа европска кошарка за македонската публика, во чест на роденденот на „црвено-белите“. И покрај убедливата победа на Фенербахче, на крајот сите во салата беа задоволни од двата часа поминати во Арената.