Наградата за најдобар стрелец во кошаркарската Евролига за Везенков

Бугарскиот репрезентативец и кошаркар на Олимпијакос, Александар Везенков, е добитник на наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во Евролигата во сезоната 2023/23, соопштено е денеска од ова натпреварување.

Наградата „Форд“ е единствената која Евролигата ја базира на статистички податоци во кои од самиот почеток на сезоната доминираше кошаркарот на атински Олимпијакос.

Везенков сезонава во просек постигнуваше по 17.24 поени на 38 натпревари, предводејќи го Олимпијакос на годинешниот фајналфор турнирот во Каунас.

Зад себе Везенков ги остави кошаркарот на Макаби, Вејд Болдвин (17.17 поени по натпревар) и Вил Клајбурн (16.7) од Ефес.

Наградата за најдобар стрелец го носи името на Алфонсо Форд, кој два пати беше најдобар стрелец во Евролигата, а почина во 2004 година од леукемија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...