Раководството на Њујорк никс е согласи на продолжување на договорот со напаѓачот Оу Џи Ануноби.
Новиот договор ќе биде на 5 години и вреден 212,5 милиони долари. Ануноби им се приклучи на Никс минатата сезона во трејд од Торонто.
Во НБА лигата, 26-годишниот Британец имаше просек од 14,1 поен, 4,4 скока, 1,5 асистенции и 1,7 украдени топки со 1 блокиран удар.