Ласо неочекувано ја напушти клупата на Баерн

Кошаркарскиот клуб Баерн Минхен и тренерот Пабло Ласо постигнаа договор за прекин на соработката, соопшти денеска германскиот клуб.

Според извештаите, Ласо побарал да го напушти клубот поради семејни причини.

„Одлуката на Пабло беше неочекувана, но ние го почитуваме како тренер и како личност и сакаме да му се заблагодариме за неговата работа и големата посветеност во изминатата, успешна сезона. Му посакуваме се уште најдобро на Пабло во иднина, тој секогаш ќе биде поврзан со нас, не само поради двојната круна“, изјави генералниот директор на Баерн, Марко Пешиќ.

Ласо (56) во првата сезона од двегодишниот договор, го предводеше Баерн до шампионската титула во Германија и трофејот во националниот куп, додека германскиот клуб во Евролигата забележа 13 победи и 21 порази.

Пред Баерн, Ласо беше на клупата на Реал Мадрид од 2011 до 2022 година, освојувајќи две титули во Евролигата (2015 и 2018 година).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...