Пешиќ се повлече од клупата на Србија

Легендарниот стручњак Светислав Пешиќ повеќе нема да ја води кошаркарската репрезентација на Србија, пренесоа српските медиуми. Пред неполн месец Пешиќ ги предводеше „орлите“ до бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.



Српските кошаркари со Пешиќ како тренер пред олимписката бронза освоија сребро и на минатогодишното Светско првенство. Искусниот стручњак се врати на клупата на репрезентацијата во исклучително тежок момент за српската кошарка, откако под водство на Игор Кокошков, „орлите“ не успеаја да се пласираат на Олимписките игри во Токио во летото 2021 година.

Претходно Пешиќ ја водеше репрезентацијата на Југославија од 2000 до 2002 година и со неа стигна до европскиот и светскиот трон. Токму во понеделникот се навршија 22 години од последната освоена титула на кошаркарската репрезентација – на Мундобаскетот во Индијанаполис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...