Дончиќ за дебито: Одамна не сум имал толкава трема

Дебито на Лука Дончиќ за Лос Анџелес Лејкерс помина во голем стил, но тој самиот призна дека му било малку непријатно и имал трема.



Дончиќ го одигра првиот натпревар во дресот на „езерџиите“ по трејдот, против Јута. Во своето деби за својот нов клуб, тој постигна 14 поени, забележа пет скока и четири асистенции, додека Л.А. го совлада противникот за шестата последователна победа (132:113).

-Леле, многу луѓе. Тоа беше нешто посебно. Кога ги гледав момците на теренот на последните натпревари, само мислев дека сакам да играм со нив, рече Лука Дончиќ при пристигнувањето на прес-конференцијата по долгоочекуваното деби за Лос Анџелес Лејкерс.

Дончиќ во дебито постигна 14 поени, но шутот не му одеше најдобро. Тој погоди 5 од 14 обиди од поле по долгото лекување на повредата на глутеалниот мускул, а последен пат играше на Божиќ.

-Бев малку нервозен. Тоа не ми се случило пред натпревар долго време. Не сум играл долго време. Ова е нов тим за мене. Но, беше забавно на теренот, призна словенечкиот репрезентативец и додаде:„Ова е нов тим, ново сè. Ми се допаѓа начинот на кој ми помогнаа – моите соиграчи, Роб (Пелинка, ГМ), Џини (Бас, сопственик). Чувствував голема поддршка. Беше очигледно... Кога дојдов во салата, ги видов сите дресови „Лука“. Надреално чувство“.

Пред натпреварот го охрабри и Леброн Џејмс кој му порача да биде тоа што е.

-За Леброн да каже нешто такво ми дава дополнителна самодоверба. Се наежив. Посебно е. Тој ја гледа играта поинаку од многу луѓе, неговата интелигенција е луда. И знаете, имајќи двајца такви момци на теренот, мислам дека тоа ќе му помогне на целиот тим, рече Дончиќ.

Натпреварот го следеше и Дирк Новицки, легендата на Далас Маверикс.

-Многу ми значи. Дека дојде. Тој е мој голем пријател, секогаш сум го гледал, тој е одличен ментор. Фактот што се појави, што долета од Далас е неверојатно и јас навистина, навистина го ценам тоа, додаде Дончиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шета Рамче по Сахара со пешкир на рамо, сретнува бедуин и го прашува?
- Абе, другар, уште колку има до морето?
- Па, околу 3.000 километри.
- Е стварно е далеку... ама плажава...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1804.- Умре Имануел Кант, основоположник на...
1809.- Роден е Чарлс Дарвин, британски научник,...
1809.- Роден е Абрахам Линколн, шеснаесеттиот...
1818.- Чиле ја прогласи независноста од Шпанија.