Кошаркарите на Детроит го запишаа својот осми последователен триумф во НА лигата, совладувајќи го бранителот на титулата Бостон со 117-97 на домашен терен, со што го израмнија клупскиот рекорд од пред 17 години.

Последен пат кога Детроит успеа да наниже осум или повеќе победи беше помеѓу 23 јануари и 13 февруари 2008 година.
На полувремето екипите беа изедначени (55-55), но во вториот дел домашните постигнаа 62 поени, а примија само 42. Детроит до победата го предводеа Малик Бисли со 26 поени за 22 минути и Кејд Канингем, кој имаше 21 поени и 11 асистенции.
Од друга страна, актуелниот НБА шампион Бостон со поразот во Детроит ја прекина серијата од шест последователни победи.