Екипата на Мајами хит ноќеска на свој терен загуби од Шарлот хорнетс со 105:102. „Жешките на успеаја да слават иако на почетокот на втората четвртина водеа со 38:21.

Мајами трет пат во март губи натпревар и покрај водство од 17 или повеќе поени во даден момент од мечот.
Претходно тимот од Флорида загуби предност од 19 поени на натпреварот против Њујорк никс и 17 поени предност во натпреварот против Чикаго булс.
Мајами хит со биланс 29 победи и 35 порази се наоѓа на 9.место во Источната конференција на НБА-лигата.