Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на второто место по број на одиграни натпреварите од регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.

Лејкерси ноќеска го победија Далас маверикс на гости (112:97). Четириесетгодишниот Џејмс на теренот мина 36 минути, постигнувајќи 27 поени, седум скока и три асистенции.
Овој натпревар беше негов 1.561. во регуларниот дел од сезоната на НБА. Во овој показател, Џејмс го надмина Карим Абдул-Џабар (1.560). На врвот на оваа листа е Роберт Периш (1.611).