Кнежевиќ најкорисен играч во осмото коло од Суперлигата

Душан Кнежевиќ, центарот на шампионот Фени Индустри, со „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 13 скокови, на дуелот против Лирија, го освои признанието за најкорисен играч на колото.

Српскиот кошаркарски интернационалец имаше најголем придонес за пресвртот кој го направи Фени во второто полувреме и не дозволи кавадарчани првпат сезонава да загубат на свој терен.

Кнежевиќ за 34 минути поминати на паркетот постигна 27 поени (12 погодоци од 19 обиди), оствари 13 скокови (6 офанзивни), 3 асистенции и по една блокада и украдена топка. Според овој учинок играчот на Фени Индустри собра 40 МВП индекс-поени, најмногу во осмото суперлигашко коло.

Покрај за Душан Кнежевиќ, за место во најдобрата петорка на колото се изборија Владимир Зујовиќ (33 МВП индекс) и Немања Јелесијевиќ (32 МВП индекс) од Работнички, Балша Радуновиќ од Лирија (32 МВП индекс) и Димитар Караџовски од Торус СЦБТ (31 МВП индекс).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Машките трошат 2000 калории за секс, 100 на секс а 1900 на фалење.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1204.- Крстоносците во Четвртата крстоносна војна...
1654.- Ирска и Шкотска се обединија со Англија.
1823.- Роден е рускиот писател Александар...
1850.- Франција на повик на папата Пие Деветти -...