Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја остварија втората победа во регионалната АБА лига откако вечерва во 2.коло го совладаа Широки со 63:59.
Најефикасен играч во победничката екипа на вечерашниот натпревар одигран во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје беше Урош Николиќ со 16 постигнати поени. Двоцифрен ефект кај домаќините имаа и Игор Мијаловиќ и Кирил Николовски со по 11 реализирани поени.
Кај гостите Марко Шутало беше најефикасен со 16 поени.
Следниот натпревар МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра в недела во рамките на 3.коло од АБА лигата против Будуќност во Подгорица.