Италијанска пресметка во осминафинале

Денешната програма во Лигата на Европа нуди неколку интересни натпревари, но два од нив привлекуваат посебно внимание со оглед дека се работи за дуели меѓу екипи од иста држава. Јувентус и Фиорентина ќе се сретнат во реприза од финалето на Купот на УЕФА од 1990 година, а за првпат во еден европски куп ќе се пресметаат градските ривали Севиља и Бетис.

ОЖИВУВАЊЕ НА СПОМЕНИТЕ

Пред 24 години Јувентус предводен од тренерот Дино Ѕоф ја совлада Фиорентина на Франческо Грацијани со вкупни 3:1 во финалниот натпревар во Купот на УЕФА и го освои трофејот. „Старата дама“ се искачи на тронот благодарение на победата пред своја публика на поранешниот стадион „Комунале“ со головите на Галија, Казираги и Де Агостини, додека реваншот на неутрален терен во Авелино заврши без голови. Двата тима сега повторно ќе ги одмерат силите со тоа што Јувентус има мотив да стигне до финалето на Лига Европа кое се игра на нивниот стадион, додека Фиорентина да му врати за изгубениот трофеј, но за поразот во неделата во рамките на Серија А.

Интересно, овој дуел ќе биде 30. меѓу италијански тимови во УЕФА натпреварувањата, а досега 15 победи извојувале домаќините додека гостите се радувале петпати. Јувентус по 11 пат се среќава со опонент од Италија, а рекордот му е три победи и по четири порази и нерешени. Од август 2004 година само еден тим го победил Јувентус во европските купови среде Торино, а тоа е Баерн Минхен, и тоа во групната фаза од ЛШ во сезоната 2009/10 (4:1) и во четвртфиналето во ЛШ минатата сезона (2:0). Јувентус во таа низа има дури 20 триумфи и 13 нерешени.

Последен пат Фиорентина играла во осминафиналето во Лига на Европа во сезоната 2007/08 елиминирајќи го Евертон на пенали, но тимот предводен од Чезаре Прандели доживеа пораз од Глазгов Ренџерс во полуфиналето.

ВИОЛА БЕЗ РОСИ, ЈУВЕ БЕЗ ТЕВЕЗ

Фиорентина се сеќава на првиот дел од оваа сезона кога го победи Јувентус на свој стадион со 4:2. Во трилер меч во кој италијанскиот првак водеше со 2:0, Фиорентина направи пресврт во второто полувреме и извојува висока победа. Таа победа дава надеж на играчите во виолетово дека противникот не е непобедлив и дека со мудра и трпелива игра може да се дојде во подвиг. Голем проблем за составот од Фиренца е неиграњето на првиот напаѓач Џузепе Роси, кој поради повреда на лигаменти на коленото е во „аут“ уште од јануари. Но и Јувентус не е без проблеми. Тимот на Антонио Конте, најверојатно, ќе биде без Карлос Тевез, кој се жали на повреда на тетивата. Негова замена ќе биде Себастијан Џовинко.

ЕВРОПА ЌЕ ГО ВИДИ ДЕРБИТО НА СЕВИЉА

Севиља ќе биде домаќин на Бетис во шпанскиот дуел од осминафиналето од ЛЕ. Се работи за тимови кои доаѓаат од Севиља и кои се лути ривали на Пиринејскиот Полуостров. Досега меѓу себе одиграле 107 меча од кои 87 во најсилната шпанска лига, а првиот дуел го одиграле во сезоната 1927/28 во Купот на Шпанија. Севиља е поуспешна со 48 победи, додека Бетис има 33. Со нерешен резултат завршиле 26 средби.

Севиља, кој е двократен освојувач на трофејот од ЛЕ, на последните два меча против Бетис на домашен терен победи со четири гола разлика: 5:1 во 2012/13 и 4:0 оваа сезона. Бетис последен пат триумфираше на „Рамон Санчез Писхуан“ на 2 мај 2012 година со 2:1.

Интересно, ова е трето шпанско градско дерби во европските купови. Реал Мадрид и Атлетико Мадрид играле во полуфиналето на Купот на шампионите во сезоната 1958/59, додека Барселона и Еспањол играле во четвртфиналето на веќе непостоечкиот Куп на саемските градови во сезоната 1965/66.

Денешниот дуел меѓу Севиља и Бетис ќе биде 48. меч меѓу шпански тимови во куповите под капата на УЕФА вклучувајќи и три финалиња. На Бетис ова му е прв дуел со шпански опонент во Европа, додека на Севиља деветти меч.

ПОРТО И НАПОЛИ ПО 40 ГОДИНИ ПАК НА ДУЕЛ

Порто и Наполи ќе се сретнат повторно по речиси 40 години од последниот нивен дуел во еден европски турнир. На таа пресметка во рамките на Купот на УЕФА поуспешен беше Наполи со 1:0. Овие два тима одиграа и еден пријателски меч во Лондон минатото лето кој португалскиот шампион го доби со 3:1, а стрелец на голот за наполитанците беше Горан Пандев.

Порто пред неколку дена го отпушти тренерот Пауло Фонсека по серијата од четири меча без победа, а должноста прв тренер на тимот му припадна на тренерот на резервниот тим Луис Кастро. Тој ќе има тешка задача да го рехабилитира тимот во клучниот дел од сезоната. Наполи немаат такви проблеми, а во Порто доаѓаат осоколени по триумфот над Рома во последниот првенствен дуел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...