Анчелоти задоволен од резултатот, Гвардиола од играта

Тренерите на Реал Мадрид и на Баерн Минхен, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола изразија задоволство по синоќешниот дуел на нивните екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите кој го доби шпанскиот претставник со 1:0.

Италијанскиот стручњак рече дека е пресреќен поради победата над европскиот првак.

- Одигравме тежок натпревар и успеавме да го добиеме, а јас сум среќен поради тоа. Во поголемиот дел од мечот се браневме, ама направивме и посериозни шанси за гол. Како клучен фактор за нашата победа се покажа соработката меѓу играчите. Сите си помагаа, оние од нападот им помагаа на тие од средината, играчите за врска помагаа во одбраната, а кога напаѓавме дури и „стоперите“ беа пред противничкиот гол, рече Анчелоти.

За разлика од него кој искажа задоволство од резултатот, противничкиот тренер Гвардиола е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

- Горд сум на своите играчи ко покажаа доминација над еден од најдобрите тимови на светот. Ние ја контролиравме играта, Реал чекаше контра напади и од една таква ситуација го постигна победоносниот гол. Се надевам дека на реваншот на нашиот стадион ќе ја надополниме негативата, изјави предводникот на Баерн.

Реваншот е закажан за 29 април во Минхен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Што им прави Кина на земјите што го признаваат Тајван?
- Џипсо ги прави.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има во Делчево, Битола, Прилеп и на...
Верски календар
На денешен ден
1756.- Во Салцбург е роден Волфганг Амадеус...
1775.- Роден е Вилхелм Шелинг, германски...
1822.- На собрание во Епидаур, грчките востаници...
1823.- Во Лил е роден Едуард Лало, француски...