Куала Лумпур, 1 октомври 2016 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Малезија, откако беше најбрз на денешените квалификации.
Тој имаше најдобро време 1:32.850 минута. Ова за него беше 100-та пол позиција во кариерата. Второто место му припадна на неговиот клупски колега и лидер во генералниот пласман Нико Розберг.
Во вториот ред од позицијата број три ќе стартува Макс Верстапен од Ред Бул, а неговиот клупски колега Даниел Рикардо ќе биде на местото број 4 на стартот.
Зад нив ќе бидат двата болида на Ферари со Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Трката за ГН на Малезија се вози утре наутро во 9 часот по македонско време.