Фетел и Леклер се разбрале, сè е чисто меѓу нив

Во Ферари се е разјаснето и тимот не очекува проблеми помеѓу Себастијан Фетел и Шарл Леклер. Ова го изјави портпаролот на тимот за „Би-Би-Си Спорт“.

Како што е познато, тие се бореа за подобра позиција во Бразил, кога младиот пилот од Монако го престигна Германецот, кој потоа направи контранапад, се дојде до мал контакт, што сепак ги елиминираше од трката и двајцата.

Следеше разговор со Матија Биното, за кој не беа соопштени детали, а сега тимот објави дека сè е веќе чисто, иако тешко дека е токму така.

– Од она што се случи во Бразил, Матија разговара со пилотите секој ден, што се случува во секој случај. Иако без официјална средба, сè е добро и размислуваме само за Абу Даби, изјави портпаролот за британскиот медиум.

Поради неговата елиминација во Бразил, Леклер има 11 поени минус пред последната трка во неделата во однос на Макс Верстапен и ќе се обиде да ги надополни за да заврши на третото место во финалниот пласман. „Скудерија“ пак одамна го освои второто место кај конструкторите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...