Хамилтон: Време е Формула 1 да се врати во Африка

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон работи со претставници од Руанда и Јужноафриканската Република за потенцијална организација на Формула 1 трки во Африка. Британецот е категоричен дека е вистинско време за враќање на најпрестижниот мотоспорт на континентот и можноста не може да се игнорира.



Хамилтон беше во Африка за време на летната пауза во Формула 1 и ги откри своите планови на прес-конференција пред почетокот на трката за Големата награда на Холандија.

-Ова е вистинското време, 100 отсто. Тие не можат да продолжат да додаваат трки овде и таму и да ја игнорираат Африка. Сите земаат од Африка и никој ништо не враќа. Трките на овој континент ќе им покажат на луѓето колку е прекрасна и ќе му помогне многу на туризмот. Зошто да не сме на овој континент?, праша Хамилтон.

Според него, постои барем една патека која е целосно подготвена.

-Треба да одиме на патеката што е можно побрзо и да ја направиме дел од календарот на Формула 1. Потоа можеме да продолжиме да се шириме на континентот, додаде еден од најдобрите пилоти во историјата на спортот.

Формула 1 ја напушти Африка во 1993 година, кога последен пат се одржа трката за ГН на Јужна Африка во Кјалами. Извршниот директор Стефано Доменикали пред еден месец објави дека Руанда е водечки кандидат за патеката, но допрва треба да се изгради писта. Разговорите ќе продолжат во септември.

-Руанда е едно од моите омилени места за посета. Бев таму и работев со локалните организатори. Разговарав со многу луѓе и таму и во Јужноафриканската Република. Руанда е долгорочен проект и Мило ми е што сакаат да бидат дел од календарот на Формула 1, додаде тој.

Британецот откри дека во текот на летото ги посетил и Мароко, Сенегал, Бенин, Мозамбик и Мадагаскар.

-Сè уште се помирувам со она што се случи на тоа патување. Бев во бегалски камп и видов колку работат луѓето и колку е тешко за оние кои насилно ги напуштиле своите земји. Една работа е да се прочита за нив , друго е да ги гледам во живо. Сретнав деца кои пешачат 10 километри до училиште, а потоа се враќаат 10 километри без да јадат, изјави Британецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...