Кими и Лотус на врвот по првиот ден

Првиот официјален ден од камбекот во формула 1 за Кими Раиконен заврши на најдобар можен начин, откако возачот на Лотус го постави најбрзото време на првиот ден од зимските тестови во Херез. Зад воланот на новиот Лотус Е20, Раиконен прво во понеделникот го комплетираше "шејкдаунот", кога за снимање на реклама не можеше да оди над втората брзина, по што Ајсменот во вторникот се врати во форма.

Тој го постави најдобриот круг уште во утринската сесија, пред да го подобри времето на 1:19.670, што беше недостижно за сите конкуренти за 32-годишниот Финец.

"Времињата сега не значат многу, но сепак е добро да се види Кими на врвот", изјавија од неговиот Лотус.

Самиот Раиконен пак повторно мора да одговара на старите прашања пред повлекувањето во 2009 година. Откако помина две години во Рели ВРЦ шампионатот, тој во Херез беше пречекан со истото прашање - дали е доволно мотивиран за новата сезона.

"Тоа беше ваше мислење и во 2009 година. Ќе си заминев порано ако не се забавував доволно. Никогаш не сум имал проблеми со мотивацијата. Овие прашања немаат смисла. Не ја гледам формула 1 поинаку од порано, и сега е нова година и знам како функционираат работите. Не очекувам ништо поинаку", додава Раиконен.

Пол Ди Реста, со новиот Форс Индија ВЈМ05 болид беше втор најбрз исто така со утринското време, по што следуваше Нико Розберг во Мерцедес. Првата промена од утринскиот распоред го направи Марк Вебер со Ред Бул РБ8 подобрувајќи го времето од 1:21.474 кое го постави по само 8 кругови во утринската сесија додека тимот чекаше нови делови. Вебер подоцна комплетираше уште 46 кругови со најдобро врме од 1:20.496.

По него следуваше сонародникот Даниел Рикиардо во Торо Росо, но неговиот ден беше скратен поради проблеми со маслото.

"Истражуваме зошто се случи падот на притисокот, но сигурни сме дека во среда ќе имаме повеќе кругови. Болидот е во добра форма", вели шефот на тимот, Франц Тост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...