Фотографии од пробите за свеченото отворање на ЛОИ на Олимпискиот стадион, беа објавени од англиските медиуми, на само 8 дена пред почетокот на најочекуваниот спортски настан.
Во една од точките кои ќе бидат изведени на стадионот, ќе биде прикажана рурална идила сместена во минатото, која ќе биде надополнета со живи домашни животни како овци, кокошки и коњи. Со оваа точка, организаторот сака да оддаде почит кон историјата на земјата, пишуваат медиумите во В. Британија и додаваат дека самата церемонија ќе биде скратена на половина час, со цел да се избегне сообраќајниот метеж.
Се проценува дека самата церемонија на отворање на ЛОИ во Лондон ќе биде проследена од околу 1 милијарда луѓе ширум светот.
ЛОИ во Лондон ќе започне на 27-ми јули, а ќе трае до 12-ти август.