РК Вардар трета сезона по ред меѓу најдобрите осум во Европа

Скопје, 26 март 2016 (МИА) - Македонскиот ракометен првак Вардар трет пат во низа обезбедува учество во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Во реванш осминафиналниот дуел „црвено-црните“ вечерва во исполнетиот СЦ „Јане Сандански“ ја победија Висла Плоцк со 25:24 и со вкупни 55:54 одат во следната фаза.

Како и што прогнозираше тренерот на нашиот шампион Раул Гонзалес, Вардар и покрај поволниот резултат од првиот натпревар во Полска (30:30), во реваншот по голема борба и многу потешко од очекувањата успеа да збележи тесна победа, но доволна за четвртфинале.

Гостите имаа два гола предност по првото полувреме, водеа и во последните десетина минути, но одбранетиот пенал од страна на Петар Ангелов го „заврти“ резултатот, а првиот голман Арпад Штербик одбрани зицер во последната минута и не дозволи поголема драма во последните 60 секунди.

Алем Тоскиќ со осум голови и Штербик со 16 одбрани беа најзаслужните за победата на Вардар.

Последната пречка на „црвено-црните“ пред завршниот турнир во Келн ќе биде унгарскиот шампион Веспрем кој денеска го совлада Мотор Запорожје со 41:28.

Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија уште и Киелце, Кил, ПСЖ и Барселона.

Последните два патника во четвртфиналето од елитното натпреварување ќе бидат познати утре по натпреварите: Флензбург – Монпеље (28:27 прва средба) и Рајн-Некар – Загреб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1529.- Османлиската војска под команда на...
1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет...
1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски...
1927.- Во Дојран е роден Христо...