Дури 10.500 спортисти од 206 нации и тим на бегалци се во Бразил да се натпреваруваат во 28 спорта пред ТВ публика од неколку милијарди.
Пред почетокот на Игрите, на насловните страници имаше повеќе негативни приказни, како рускиот допинг скандал, вирусот Зика, проблемите со безбедноста на спортистите, како и со недовршените објекти. Но, тоа ќе биде во втор план кога утре попладне ќе започнат спортските Олимпијади.
Игрите, кои официјално се 31., но само 28. по ред (бидејќи Игрите во 1916, 1940 и 1944 година не се оддржаа поради војните), првпат се оддржуваат во Јужна Америка и траат од 5 до 21 август.
РУСИЈА СО „НАЈЧИСТИОТ ТИМ“, АМЕРИКАНЦИТЕ НАЈБРОЈНИ
Русите со „прочистен“ тим од 271 спортисти
Во Рио ќе има рекордни 207 тимови, вклучувајќи го и тимот на бегалците, кој се состои од 10 члена (пет од Јужен Судан, двајца од Сирија, двајца од ДР Конго и еден од Етиопија). Нашите северозападни соседи Косово и Јужен Судан за првпат учествуваат на едни Игри.
Со 554 спортисти, САД ќе го има најголемиот олимписки тим, додека островската држава од јужниот Пацифик, Тувалу има само еден спортист (тркачот на 100 метри, Етимони Тимуани).
Олимпијадата во Рио ќе биде првата во која ќе има Олимпијци родени по 2000-та, со најмладиот, 13-годишниот непалски пливач, Гаурика Синг.
Русија ќе има 271 спортисти од првиот список од 389, но 67 од нивните 68 атлетичари се суспендирани од ИОЦ поради допинг-случај.
ПРОБЛЕМИ, ПРОБЛЕМИ, ПРОБЛЕМИ
Други проблеми во Бразил? Премногу! Бразил е во рецесија и во тешка политичка криза, а пристигнувањето на олимпискиот факел во Рио беше проследен со протести. Натпреварувач во џиу-џицу од Нов Зеланд тврдеше дека бил киднапиран, додека кинескиот мечувалечки тим беше ограбен. Условите во олимпиското село се повеќе од очајни, а квалитетот на водата е ужасна.
Тука е и Зика! Вирусот кој се шири преку комарци и може да донесе до дефекти при пораѓањето, е толку сериозен што Светската здравствена организација (ВХО) препорача бремените жени да не патуваат на Олимпијадите, иако во август (зима на јужната полутопка) комарците се ретки во Рио.
И покрај сите пропусти, организаторите и ИОЦ посочија дека Рио е „подготвен да го пречека светот“.
НОВИ СПОРТОВИ, СТАРИ ЅВЕЗДИ
Голфот и рагбито официјално се враќаат на Игрите. Голфот се враќа по 112-годишно отсуство, но без најдобрите голфери, кои се повлекоа поради Зика вирусот. Рагби се враќа на Олимпијадите по 1924 година, но во севенс-варијантата со по седум играчи .
Иако постојат 306 натпреварувања во 28 олимписки спортови, најочекуваното ќе биде финалето на 100 метри, каде што Јамајчанецот Јусеин Болт ќе оди на историска трета тројна титула на 100 и 200 метри и на 4х100 метри.
Американскиот пливач Мајкл Фелпс, најуспешниот олимпиец на сите времиња, ќе се обиде да додаде на неговите 18 златни медали, додека тенисерката Серена Вилијамс оди на петти медал од Олимпијадите.
Американскиот кошаркарски тим повторно очекува титула без мака, додека Нејмар ќе се обиде да им помогне на Бразилците првпат да освојат олимписко злато во фудбал.