Ѓоковиќ засега не планира да се повлече од тенисот

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ не размислува да стави крај на спортската кариера. Ова го изјави 38-годишниот тенисер за медиумите пред почетокот на Олимписките игри во Париз.



Игрите во Париз ќе бидат последниот турнир за 37-годишниот британски тенисер Енди Мареј, кој ќе игра само двојки. Уште еден поранешен светски рекет број 1, Рафаел Надал (38), исто така е блиску до пензија.

-Не сум блиску до крајот на кариерата, иако можеби многу луѓе би сакале да се повлечам од тенисот. Се додека некој од нас продолжи да игра, нашата ера продолжува. Секако, сега има промена на генерациите, Карлос Алкараз и Јаник Синер се двајца од најсилните играчи во светот и тие се многу млади, така што ќе бидат на врвот уште долго време во иднина. Но, сепак одлично е што јас и Надал сè уште можеме да настапиме на високо ниво. Се разбира, крајот на мојата кариера е поблиску од почетокот, но уште сакам да се натпреварувам, изјави Србинот, кој моментално е второпласиран во светот.

Ѓоковиќ, кој има бронза од 2008 година и игра за неговата единствена голема тениска титула што му недостасува, ќе отвори против Австралиецот Метју Ебден на Игрите во Париз. Со победа, прво рангираниот Србин може да се соочи со Надал, кој ќе игра против Унгарецот Мартон Фучовиќ.

Шпанецот освои злато во сингл во Пекинг 2008 година и во машки двојки во Рио 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...