Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Организаторите на 33. Олимписки игри во Париз официјално објавија дека е соборен досегашниот рекорд според продадени билети во историјата на Игрите.

Ден пред вечерашното свечено отворање, организаторите соопштија дека досега се продадени и поделени вкупно 9,7 милиони билети. Од нив, 8,7 милиони се продадени, а еден милион се доделени главно за лица со посебни потреби, спортски ентузијасти и помладата популација.

Организаторите решија да доделат билети по бројните критики дека цените на билетите се превисоки за многумина.

Претходниот рекорд според бројот на продадени билети го држеше Атланта во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони влезници.

Организаторите додадоа дека сè уште има билети во продажба.

За Игрите во Париз кои ќе траат до 11 август во продажба се пуштени нешто повеќе од 10 милиони влезници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...