Сабаленка: Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим

Првиот светски рекет во женскиот тенис, Арина Сабаленка ги искажа своите импресии по вчерашната победа над Јасмин Паолини на завршниот турнир во Ријад.

Белорусинката ја победи Италијанката со 6:3 и 7:5 во меч што траеше еден час и 31 минута.

- Целиот меч беше тежок, не само крајот. Јасмин е одлична тенисерка, притискаше, одлично се движеше и одлично сервираше. Ова е важна победа за мене, среќна сум, особено од тоа како го спасив вториот сет кој ми се лизгаше низ прсти. Во тој момент се обидов да останам агресивна. Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим. Поминавме низ многу. Без тимска работа, не можете да достигнете толку големо ниво на тенис и да станете број еден во светот. Не сум само јас - правиме многу работа надвор од теренот што никој не ја гледа. Момците прават многу за мене, навистина го ценам тоа. Ме мотивираат да победам на овој терен и ја заслужуваат титулата најдобар тим во светот, изјави Сабаленка.

Трета година по ред белоруската тенисерка ќе игра во финалниот плејоф: во 2022 година стигна до финалето (загуби од Каролин Гарсија), а во 2023 година загуби од Ига Швјонтек во полуфиналето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...