Претседателот на Македонската традиционална карате федерација, Дејан Недев денес е одликуван со посебно признание од страна на организаторот на Светскиот ИТКФ шампионат и претседател на Перуанската федерација за традиционално карате, г-Дин Џилермо Де Витори, за придонес и развој на традиционалното карате во Перу и Јужна Америка.
- Тој исто така се заблагодари за учеството на Македонија на СШ во Перу и изрази подготвеност за продлабочување и понатамошна соработка помеѓу Македонија и Перу. Го покани Недев наредната година да одржи карате семинар во Лима, Перу, информираат од МТКФ.
Дејан Недев вчера го освои 4.место во кати за сениори на ИТКФ светскиот шампионат во Лима.