Првиот светски рекет Јаник Синер се осврна на жалбата на ВАДА околу неговиот скандал со допинг.
Викендот селекцијата на Италија ја победи Холандија во финалето на Дејвис купот и ја одбрани титулата.
- Многу горд на целиот тим. Среќни сме што овој трофеј повторно го држиме во раце. Денот беше тежок, се можеше да се случи. Многу ми е драго што сум дел од ова. Се разбира, сè уште размислувам за жалбата на ВАДА. Но, најважно е да ми веруваат оние околу мене, оние кои ме познаваат. Така продолжив да играм на нивото на кое бев. Сум имал некои подеми и падови, сум бил малку депресивен, сум бил малку скршен. Но, понекогаш животот нè соочува со тешкотии, а ние само треба да истраеме, истакна Синер.
Синер се соочува со закана од суспензија откако Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали одлуката дека тој немал вина за двата позитивни допинг теста порано оваа година. ВАДА кажа дека пресудата на независен трибунал, со која Синер беше ослободен од секаква вина, не е во согласност со важечките правила.
ВАДА поднесе жалба во Светскиот арбитражен суд во Лозана и смета дека Синер треба да биде казнет меѓу една и две години.
На Синер во март имал два позитивни теста за користење недозволен стероид. Тој беше ослободен од вина откако Меѓународната агенција за интегритет во тенисот му го прифати тврдењето дека бил контаминиран ненамерно од неговиот физиотерапевт.