Андреевски: Три месеци на интезивна работа и исполнувања на дел од ветувањата

Претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, е задоволен од постигнатото во тримесечниот период по доаѓањето на функцијата.



- Поминаа точно три месеци откако официјално ја презедов функцијата. Квартал за мене и мојот тим кој беше динамичен и исполнет со многу активности, средби, настани и пред се одлични резултати. Комплетно обезбедивме услови за шест наши боксери кои настапија на ЕП до 23 години во Софија. Боксерската репрезентација на Македонија со девет натпреварувачи учествуваше на Светското првенство за млади боксери во Будва. Имавме активности во домашниот боксерски шампионат. Со 11 боксери учествуваме на Балканското боксерско Првенство во Лозница каде Македонија за прв пат имаше двајца шампиони во името на Ален и Ружди Рустемовски, сребрен медал освои Адријан Рустемовски, додека бронзеното одличје им припадна на Ебуталип Агушев, Лука Трифуновиќ, Тарик Весели, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Наум Стојаноски, истакна Андреевски.

За овој успех Управниот одбор федерацијата ги награди медалистите со 50.000, 30.000 и со 20.000 денари во зависност од освоениот медал.

Македонските боксери учествуваа и постигнаа завидни резултати на неколку силни меѓународни турнири во Приштина, Загреб и Ниш.

- Кулминација на нашата работа и добри резултати во овој временски интервал додека јас сум претседател беше 30. поединечното државно првенство во бокс во сите возрасни и тежински категории кое се одржа во Битола и каде настапија боксери од целата држава. Одлична организација и настан каде ги добивме националните шампиони за 2024 година.

Освен сите натпреварувања кои се под капата на Национална Боксерска Федерација, како Федерација успеавме да склучиме билатерални соработки со неколку национални федерации.Особено значајни контакти воспоставивме по самиот на претседателите на сите светски Федерации во Будва, а потоа во Дубаи во организација на ИБА (Интернационалната Боксерска Асоцијација). Ова немаше се да се реализира без огромната поддршка и помош од страна на министерот за спорт Борко Ристовски кој несебично помага боксот да биде вратен на старите патеки и повторно да биде еден од водечките индивидуални спортови во нашата држава, нагласи Андреевски во своето обраќање.

Тој најави интензивна работа и многу активности во 2025 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Сретнав една добра вила, и ми исполни две желби.
За жал третиот пат неможев, не ми се дигаше...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799.- Трупите на францускиот генерал Наполеон...
1833,- Британските трупи ги зазедоа Фокландските...
1837.- Роден е рускиот композитор, пијанист и...
1939.- Францускиот пионер на фотографијата Луј...