Олимписката шампионка Томас: Ме демнат неколку лица

Трикратната олимписка шампионка во атлетски спринт-трки Габриела Томас тврди дека ја демне група мажи.

- Ми треба совет во моментов бидејќи се плашам дека ме следат и посматраат. Навистина не знам што да правам или кај кого да одам. Секогаш кога патувам, се плашам да не се појават овие мажи - три до шест, средовечни. Не е важно во кој град одам, тие се појавуваат. Така беше кога летав за Чикаго и назад, тие дојдоа и кога летав за Мајами и назад. Имаат информации за секој мој лет. Се појавуваат или на главниот влез на аеродромот во десната сала, или на мојот излез, што значи дека имаат авионски карти и минуваат низ обезбедувањето. Во неколку наврати ми пријдоа и побараа да потпишам еден куп мои фотографии, околу 40. Не знам што прават со нив, можеби ги продаваат, не ми е гајле, изјави Томас.

Атлетичарката не може да си објасни кој на „посматрачите“ им дават информации за нејзиното движење.

- Она што ме плаши е тоа што ги имаат моите информации за летот иако понекогаш ниту самата јас не знам во колку часот заминувам. Никому не ги кажувам информациите за моите летови. Ги сменив сите мои лозинки за е-пошта. Не знам дали ме хакираат. Тие стануваат многу агресивни и непријателски настроени ако кажам не, а кога сум сама е навистина страшно. Вчера беа многу непријателски расположени кон моето момче Спенсер МекМејнс, објави атлетичарката.

Габриел Томас е трикратна олимписка шампионка во спринт. На Олимписките игри во Париз минатата година, таа победи на 200 метри и штафета на 4х100 и 4х400 метри како дел од тимот на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...