Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1

Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија.



- Ова теза сум подготвен да ја бранам пред секој. Сите ракометни репрезентации имаат учествувано или се пласирани на големи натпреварувања. Според тоа, логично е најголем број средства од субвенциите да одат во ракометот.

Кога се зборува за форми на финансирање за развој во ракометот, подготвуваме стратегија која ќе ја направиме во соработка со федерацијата. Тоа е неопходно, изјави Ристовски.

Го посочи примерот од одбојката каде со два клуба веќе се договорени финансирање на тимови создадени од селектирани млади натпреварувачи кои преку учество во младински и сениорски лиги ќе стекнуваат искуство и ќе се развиваат.

- Ние секогаш се бориме за повеќе средства да влегуваат во спортот. Но против сме да се трошат државните пари без резултати. Мора да работиме плански.

Министерот се осврна и на спортската инфраструктура во Македонија.

- Во тек е обнова и реновирање на повеќе сали низ целата држава. Исто така во скоро време ќе почнат да се градат три нови спортски сали две во Скопје и една во Струмица. Планираме големи инвестиции во инфраструктура, бидејќи јасно ми е дека без услови нема резултати. Сакаме да направиме и оддел во нашето министерство за ние да стопанисуваме со салите, додаде Ристовски.

Министерот презема обврска да разговара со надлежните од СЦ „Борис Трајковски“ во насока намалување на цената што клубовите треба да ја платат за користење при одигрување натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак?
- Ќути сине и пукај!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...