Павле Атанасијевиќ: Фуксе има светски ѕвезди, но ќе се обидеме да победиме

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва од 20: 45 часот му гостува на германски Фуксе Берлин во рамки на претпоследното коло во групата А од Лигата на шампиони.



Гостувањето во Берлин за битолскиот состав доаѓа по убедливиот триумф над Алкалоид во македонската Суперлига, како и победата над романски Динамо во Лигата на шампиони.

„Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висина на задачата. Тие се одлична екипа, имаат светски ѕвезди и одиме во Берлин да се обидеме да победиме. Тренерот ќе постави тактика во одбраната и нападот, и мислам дека ќе одиграме на ниво“, изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ пред вечерашниот дуел.

Еурофарм Пелистер е седмопласиран на табелата и само со победи вечерва проитв Фуксе и во завршниот дуел против ПСЖ во Битола ќе може да се надева на пласман во плејофот.

„Не се откажуваме, играме до последна минута и тоа е карактеристика која нè краси. Никој не може лесно да нè победи. Сите сме мотивирани, нешто посебно игра во нашите тела и нема замор. Одиме чекор по чекор, прво Фуксе, па ПСЖ. Најубаво е да се игра пред македонски навивачи. Атмосферата која ја приредија „чкембарите“ и битолчани едноставно те понесува. Убаво е тоа чувство“, истакна Атанасијевиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се качува Трпе на воз,влегува
во купето и гледа пет црнци:
-Овде нешто изгорело???
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1193.- Умре арапскиот државник и војсководец...
1461.- Во англиската „Војна на ружите“ Едвард од...
1678.- Роден е италијанскиот композитор и...
1789.- Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД....