Клебо: Сè уште не можам да верувам дека е реално тоа што го направив на СП

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо на социјалните мрежи ги искажа своите импресии за триумфот на Светското првенство во 2025 година во Трондхајм.



На Мундијалот, 28-годишниот спортист освои шест златни медали и стана 15-кратен светски шампион.

-Го замислив овој момент милион пати, но сè уште не можам да верувам дека е реален. Освојувањето на шест од шест златни медали на Светското првенство токму овде во Трондхајм, градот во кој пораснав, е повеќе од победа. Ова е сон што го носам со себе многу години. Тренирав за ова, се жртвував за ова, се борев низ сомнеж и болка за ова, напиша Клебо.

Крос-кантри скијачот им се заблагодари на семејството, пријателите, како и на спонзорите и волонтерите, истакнувајќи дека немаше да постигне успех без нивна помош.

На Светското првенство во Трондхајм, Клебо стигна до 18 медал во својата кариера и постави рекорд по бројот на освоени медали. Тој исто така е рекордер и по освоени мундијалски злата - вкупно 15.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република...
1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар...
1685.- Умре англискиот писател Томас Отвеј, чии...
1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих...