РК Вардар: Изненадени сме од најавата на Алкалоид за жалба, да не бараат алиби за поразот

Во ракометниот клуб Вардар се изненадени од најавената жалба на Алкалоид по завршување на меѓусебниот дуел во првото коло од разигрувањето за шампионската титула.

„Црвено-црните“ кои го добија натпреварот со 34:26 сметаат дека ривалот од Автокоманда бара алиби за поразот.

- Изненадени од однесувањето на официјалните лица на нашиот градски ривал Алкалоид чии претставници после одиграниот меч во СЦ „Јане Сандански“ во записникот најавија жалба за материјална повреда која влијае на исходот на резултатот. Вардар победи убедливо, ниту еден момент ривалот немаше шанса да се приближи резултатски. Разочарани сме што после ваков триумф над Алкалоид, нашите соседи се обидуваат да ја омаловажат нашата победа, и да бараат најразлични банални причини за својот пораз, стои во дел од соопштението на Вардар.

Се посочува и на бројот на исклучувања и на досудени пенали.

- Вардар имаше повеќе исклучени играчи и беа досудени повеќе пенали против нас, за разлика од нашиот противник, кој сега си бара оправдување. Свесни сме дека овој период од сезоната е многу важен, и секој бара алиби за сопствените порази, но тоа не треба да се бара на начин со кој се омаловажуваат другите. Секој треба да си ги бара грешките во сопствените редови.

На крајот, раководството на Вардар упати порака до новото раководство на Ракометната федерација на Македонија.

- Време е веќе ракометот да биде спорт во кој ќе победи подобриот, а не оној што ќе направи поголем притисок. Ракометот е нашата заедничка гордост и треба да го браниме од оние што се во него поради лични интереси. Новото раководство на РФМ има шанса и треба истата да ја искористи, да не дозволи поедини клубови да вршат притисоци и да се обидуваат на тој начин да ги остваруваат своите цели, истакнуваат од таборот на РК Вардар.

Натпреварот Вардар – Алкалоид го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Родена е француската кралица со...
1605.- Умре рускиот цар Борис Фјодорович...
1695.- Во Париз умре Жан де Лафонтен, француски...
1743.- Роден е американскиот државник Томас...