Новото раководство на ФК Вардар успеа да ја деблокира сметката која беше блокирана осум години

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар конечно може нормално да функционира. Новото раководство кое го презема клубот пред почетокот на тековната сезона успеа да ги исплати долговите наталожени изминатата деценија.

- Извршниот директор на АД ФК Вардар, Миленко Неделковски, ја известува јавноста дека комплетно се исплатени долговите кон:

Дарко Панчев - 4.134.855.00 денари

Владица Брдароски - 8.759.744.00 денари

Бендџамин Демир - 6.100.000.00 денари

Михајло Костиќ - 8.834.415.00 денари

Александар Игески - 935.353.00 денари

Фитнес Инфинити - 2.014.562.00 денари

ЕАМ ДОО Штип - 263.006.00 денари.

Исто така се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 9 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи, стои во информацијата на веб-страницата на „црвено-црните“.

Вардар во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига покажува дека се консолидира на на резултатски план. Тимот предводен од тренерот Гоце Седлоски веќе излезе од зоната на опстанок и се искачи на седмата позиција на првенствената табела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена живеат на пуст остров многу години. Еден ден уште еден маж доживува бродолом и доаѓа на островот. Мажот и жената се пресреќни поради неговотодоаѓање, зашто ќе можат да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...