Македонија поразена од Исланд со 26:29

Машката ракометна репрезентација на Македонија во салата "Борис Трајковски" во Скопје, пред околу 6.000 гледачи загуби од селекцијата на Исланд со 26:29, во натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2010. Гостите одиграа квалитетно прво полувреме, на одмор заминаа со три гола предност (10:13), а во вториот дел избраниците на Илија Темелковски не само што се вратија во игра, туку на 6 минути до последниот судиски свиреж се изборија и за предност од еден гол разлика. Сепак, до крајот, како и во текот на целиот меч како одлучувачко се покажа отсуството на Мојсовски и Димовски, а воедно и исцрпеноста на капитенот Кире Лазаров, што Исланѓаните знаеја како да ја искористат и да стигнат до победа.

По овој пораз Македонија останува со трите бода од првите два меча со Естонија.

Во репрезентацијата на Исланд Сигурдсон постигна 10 гола, додека кај нас Кире Лазаров стигна, исто така, до бројката од 10 успешни реализации.

Следниот дуел го играме со Белгија во недела (14:15 часот).

Потсетување во вториот дуел од нашата трета група победа за

Естонија над Белгија 37-28.







Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1792.- Со мировен договор во Јаси заврши...
1793.- Французинот Жан Пјер Бланшар го изведе...
1856.- Во Неготин е роден Стеван Мокрањац,...
1856.- Роден е Антон Ашкерц, истакнат словенечки...