Ракометарките на Металург Скопје не успеаја да се пласираат во финалето на Челинџ купот откако синоќа загубија во реванш полуфиналето од германски Букстехуде со 31:28. Првиот натпревар во Скопје македонскиот тим го доби со 22:21.
Домаќинот предноста од три голови ја имаше и на крајот од првото полувреме и на крајот таа се покажа како решавачка. И покрај елиминацијата ракометарките на Металург Скопје постигнаа одличен резултат со пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Челинџ купот, иако основната цел беше да се мине барем едно коло.
Во второто полуфинале во недела ќе играат Гдина од Полска и Гепинген од Германија, екипа која има предност од пет голови од првиот натпревар (29:24).