Тимот на Лос Анџелес Лејкерс и во вториот натпревар пред своите навивачи во финалето на Запад го победија Феникс и поведоа со 2:0. Триумфот од 124:112 синоќа беше изборен во последната четвртина која домашните ја добија со 34:22. Во текот на целиот натпревар домашниот тим се наоѓаше во водство, но Феникс во финишот на третиот период успеа да изедначи – 90:90.
![](http://images.idividi.com.mk/images/lakers526-7-051910.jpg)
Најефикасен на натпреварот беше Пау Гасол со 29 поени, додека Коби Брајант „уфрли“ 21 поен со 13 асистенции. Кај поразените Џејсон Ричардсон реализираше 27 поени, а ветеранот Грент Хил 23.
ЛА Лејкерс со оваа победа ја продолжија серијата во НБА плеј-офот од осум победи по ред или скор од 10 победи и 2 пораза.
Следните два натпревара меѓу ЛА Лејкерс и Феникс се играат на теренот на „сонцата“ во Аризона.